Македонскиот фолкер Ѓоко Јовиќ деновиве го промовираше видеото за уште една од песните што ги смести на последниот албум „Корени“ чии автори се тетовските хитмејкери Лазар и Магдалена Цветкоски.
„Почитувани, пред Вас е мојата нова песна ’Не е прекасно за среќа’. Со огромно задоволство Ви ја претставувам и Ви благодарам што ме следите неуморно. ’Не е прекасно за среќа’ е песна која се издвојува како фаворит за мене од албумот ’Корени’, бидејќи има посебна приказна и моќна порака која, се надевам, ќе допре до Вас“, порача пејачот.
Како изгледа и звучи кога Ѓоко Јовиќ пее „Не е прекасно за среќа“ дознајте во продолжение.