Младата и талентирана пејачка Теа Трајковска која неколку години е новата надеж на македонската забавна музичка сцена, деновиве е актуелна на социјалните мрежи објавувајќи фотографи од архива.
Така деновиве таа се потсети на својата матура пред седум години, па од албумот со фотографии извади една на која покажа како изгледала како матурантка.
Меѓутоа, Теа одлучи да побара по своите архиви и да се врати на убавиот период и можеби во најубавите години – детството.
Имено, на „Инса стори“; Теа сподели фотографија од своето детство и покажа како изгледала како девојче.
На неа се гледа дека има долга коса, а во описот напиша:
„Млада и полна со живот“.
Mладото девојче денес порасна во прекрасна русокоса убавица која и пркоси на годините, а и полека, но сигурно гази на музичката сцена.
Еве како изгледала некогаш, а како изгледа сега Теа.