Радио Милева

Принцот Вилијам пред да се ожени со Кејт ја третирал како помошничка!

Принцот Вилијам пред да се ожени со Кејт ја третирал како помошничка!

Принцот Вилијам својата сопруга Кејт ја третирал како попошничка додека биле во врска и поради тоа нејзините пријатели воздивнале кога двојата ја прекина врската во 2007 година, тврди Андру Мортон, авторот на книгата „William and Catherine“, пишува „The Mirror“.

Војводата и војвотката од кембриџ веќе осум години се во среќен брак и имаат три деца, но нивниот однос не секогаш бил идиличен. Мортон во својата книга тврди како принцот Вилијам не секогаш бил добар и грижлив кон својата партнерка.

фото:инсатграм/принтскрин

-Многу пријатели на Кејт Мидлтон воздивнаа кога тие прекинаа, пишува во книгата. Принцот го оипишуваат како тврдоглава личност. Секогаш сакал да биде по негово, а својата идна сопруга не ја „земал здраво за готово“ и кон неа се однесувал како кон помошничка, а не како кон своја девојка.

-Не и се допаѓало кога ја игнорирал додека разговарале со нкого и тогаш често се однсувал како да не е присутна. Очекувал Кејт да трча по него, тврди еден пријател на војвотката. Нејзините пријатели велат дека таа врска била полна со подеми и падови и често биле на работ на раскинување.

To top