Пејачот Ацо Пејовиќ не сака многу да разговара за својот приватен живот.
Тој живее на Бежаниска коса каде што први соседи му се Илда Шаулиќ, Лепа Брена, Саша Поповиќ, Кеба…
Еве што велат соседите за пејачот.
„Пејовиќ е прекрасен. И тој и целото негово семејство.Најстарата ќерка Магдалена не живее со нив. Кога ги заврши студиите се пресели и запиша постдипломски студии во странство“ вели сосетката Смиља.
Како што вели таа, Пејовиќ секој ден оди во црква.
„Ацо е голем верник. Пости, оди на литургија, се причестува. Често го гледам во нашата црква на Бежанија. Можам да кажам дека така го воспита и семејството. Тие се вистинско христијанско семејство“ вели сосетката.
Тешката животна драма која ја снајде сопругата на Ацо кога и пукна аневризмата, потполно го сменила пејачот.
„Тој потполно се сврте кон вера и мислам дека тоа го одржува. Ќерките го следат примерот на татко им, па мирот го најдоа во молитвата“ вели сосетката.
И други соседи имале позитивно мислење за пејачот.
„Сите тие се прекрасни. Биља секогаш е културна. Секогаш пријатно ќе се поздрави. Жената е интелектуалец и професорка на факултет“ велат соседите.
„Ќерките им се преубави, имаат долги коси и се модерни. Едната заврши факултет, другата студира медицина и одлична е. Едноставно, Пејовиќ е семејство за пример“ велат соседите.