Радио Милева

„Бев многу несреќна“: Еве со што се занимавала Ана Севиќ пред да стане пејачка

„Бев многу несреќна“: Еве со што се занимавала Ана Севиќ пред да стане пејачка

Пејачката Ана Севиќ во емисијата „Магазин ин“ откри дека порано многу и влијаело мислењето на другите.

Овој проблем во нејзиниот случај бил толку голем при што Ана се занимавала со мислењето на обичните луѓе на улица.

„Јас бев девојче кое постојано се грижеше со тоа што ќе кажат другите. Живеев во Ужица до својата 14 година. Овој проблем одеше до толку што ми пречеше мислењето на случајните минувачи на улица. Се прашував „зошто овој човек ме погледна вака“. Тогаш го сфатив мојот проблем, работев на тоа многу долго. Читав книги, разговарав со луѓе и навистина успеав да го променам тоа кај себе. Сега дојдов до таа фаза, па само ме интеренсираше мислењето на моите блиски луѓе. Луѓето мора да сфатат дека животот е еден и дека не требат да бидат жртви“ вели Ана.

фото: Принтскрин/јутуб

Севиќ во емисијата откри со која работа се занимавала пред да стане пејачка.

„Јас најмногу сакам да се договорам сама со себе бидејќи не сакам да се најдам во ситуација некој друг да ми биде виновен  и навистина сакам сама да си го изберам патотот. Важно ми е мислењето на мојата мајка, баба ми и партнерот. Јас пет години работев канцелариска работа, работев во една фирма, секој ден плачејќи одев на работа. Имав фанстастична плата и фантастично работно време, но бев многу несреќна. Коментарот на мојата баба беше „молчи, платени ти се придонесите“. Потоа, без никој да знае отидов на аудиција, на часови за пеење кај Александра Радовиќ и од тој момент сум среќна“ вели пејачката.

За потсетување, пред некој ден Ана се разведе од сопругот Дарко Лазиќ со кого ја има ќерката Лорена.

https://www.youtube.com/watch?v=xn8HDJuL8q4

To top