Иако Ана Севиќ и Дарко Лазиќ се разделија пред повеќе од една година, парот не беше официјално разведен.
Ана и Дарко вчера се разведоа и законски. По тој повод Севиќ гостуваше во емисијата „Магазин ин“, а еве што кажа на таа тема.
„Кога почнав да се занимвам со оваа работа знаев дека ќе има се и сешто“ вели пејачката и проговори за нејзиниот развод со Дарко.
„Мислам дека луѓето треба да сфатат дека животот е еден и дека не смеат да бидат жртва“ вели Ана.
За потсетување, Дарко Лазиќ се сврши со својата партнерка Марина Гагиќ со која очекуваат бебе, а Ана Севиќ исто така е во нова љубовна врска.