Радио Милева

Oваа актерка е поранешна девојка на Здравко Чолиќ на која и посветил песна

Oваа актерка е поранешна девојка на Здравко Чолиќ на која и посветил песна

Една од најпопуларните ѕвезди во регионот, Здравко Чолиќ е во брак со Александра која не се појавува во јавност и не дава интервјуа за медиумите.

Љубовниот живот на Здравко пред бракот со Александра исто така бил бурен.

Неговата поранешна девојка Јасна Орнела Бери откри детали за нивниот однос.

„Секогаш ќе има дел од моето срце резервирано за него“ изјави актерката во една емисија.

Во времето кога се забавувала со Здравко таа беше една од најубавите девојки, а публиката денес ја познава како актерка во филмовите „На пат“, „Во земјата на крвот и медот“ и други.

фото: јутуб

„Првпат  се сретнавме по војната во Белград, тоа беше емотивна средба која никогаш нема да ја заборавам. Тој е фасцинантна личност и успешно ја одржува својата харизма. Пред се е добар човек. Чола ми ја посвети песната „Ноч ми те дугује“ која сам ја напиша“  вели Јасна.

фото: фејсбук

„Не можам да кажем дека се забавуваме или дека бевме во врска. Тоа е посебен однос, кој трае и ден денес. Тоа и понатаму е љубов која не може да ја помилувате и да ја држите за рака“ вели поранешната девојка на пејачот.

За потсетување, Чолиќ неодамна објави песна која е посветена на неговата сопруга.

To top