Радио Милева

Една година по свадбата, Симона Поповска повторно невеста (видео)

Една година по свадбата, Симона Поповска повторно невеста (видео)

Атрактивната охриѓанка со скопска адреса, пејачката и докторка Симона Поповска минатата 2018 година заплови во брачните води со својот избраник Крис Поповски, кој е сопственик на еден бренд за машки костуми.

Во семејството на Симона, сè некако се врти околу свеченостите, па иако правеше свадба пред речиси една година, таа реши повторно да биде невеста во родниот Охрид.

фото:инсатграм/симонапоповска

Имено, убавата Симона за потребите на една рекламна кампања која промовира накит, повторно облече неколку венчаници дизајнирани од нејзиниот пријател и соработник, Златко Јовановски.

За повеќето припаднички на понежниот пол, носењето вечнаница се случува најчесто еднаш во животот, исклучоци секако има, ама Симона досега веќе носеше неколку и уживаше во чувството да се биде во бел невестински раскош од кој никако да се засити.

фото:инсатграм/симонапоповска

Видеото каде позира на една тераса со панорамски поглед кон Охридското езеро, го постираше на своите профили на социјалните мрежи, а на идните невести им го даде својот предлог.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ??. ?????? ???????? (@simonapopovskaofficial) on

Инаку, Симона во месец април го објави спотот за емотивната балада „Сама“, дел е од од жирито на талент шоуто „ Ѕвезда број 1“, но најмногу време минува како докторка во еден центар за убавина во Скопје.

To top