Мегафон Концерт во станица 26

„Морал“ со концертна промоција на новиот албум

„Морал“ со концертна промоција на новиот албум

По 13 години од издавањето на последната плоча „Кога патувам“, членовите на групата Морал минатата година конечно  го објавија албумот „Кофеин блуз“ а сега новиот материјал ќе биде и концертно промовиран пред скопската публика. Со мала помош од своите пријатели и во организација на „3 Гонга“, бендот ќе одржи концерт на 28 јануари (недела) во „Станица 26“.

„Албумот се снимаше 5-6 години во неколку студија. Нè следеа сите можни малери: пожари, губење ленти, бришење снимки од компјутер и уште многу нешта, но еве, албумот е тука и навистина сме сите задоволни како звучи. Го имаме препознатливиот рокенрол-звук, иако песните се многу различни. Како гости на албумот се појавуваат Тамара, Слаткар и Игор Џамбазов. На некои песни ни се гости и старите гитаристи на ’Морал’ – Венко Серафимов, Димитар Божиков и Љубо Жишка од ’Парпл Цепелин’“, рече Славчо Стојановски на минатогодишната промоција.

„Coffeine Blues“ е во издание на „Горила рекордс“, за добриот звук се погрижи Дарко Поповски, а фотографиите на обвивката се на Јулија Луна, додека за графичката обработка се погрижи Урош Вељковиќ. Концертната промоција е со почеток од 21 часот, а влезниците се веќе пуштени во претпродажба преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“.

To top