Радио Милева

Трачот стана вистина: „Пукна“ љубовта меѓу најубавата холивудска двојка! (фото)

Трачот стана вистина: „Пукна“ љубовта меѓу најубавата холивудска двојка! (фото)

Од моментот на најемоивниот музички настап на годинешните Оскари, се шпекулира за разделбата на една од најубавите двојки на Холивуд – Ирина Шајк и Бредли Купер.

Странските медиуми пишуваат дека згаснала љубовта по четири години брак.

„Газета ру“ пренесува дека 33 годишната Ирина и единаесет години повозрасниот Бредли наводно од февруари годинава веќе не живеат заедно, по флерот на Купер со светската музичка ѕвезда Леди Гага на доделувањето на Оскарите.

Сепак, неколку дена по Оскарите Бредли и Ирена беа фотографирани заедно, но изразот на нивните лица покажуваше дека меѓу нив двајца нешто не е во ред.

Руските медиуми сега шпекулираат за разводот на најубавиот брачен пар во Холивуд и наведуваат дека прв оваа информација ја пренел таблоидот МТО, кој се повикал на „целосно проверен извор“.

Засега прес службата на Бредли и Ирина нема реакции на овие шпекулации.

фото:принтскрин/инстаграм

To top