Во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ како дел од жирито имаме прилика да ги гледаме Марија Шерифовиќ, Јелена Карлеуша, Драган Стојковиќ Босанац, Вики Миљковиќ, Ана Бекута и оваа година Ѓорѓе Давид.
Во новата сезона тие ја имаат улога и на ментори, па им помогаат на своите кандидати.
Меѓутоа, пејачката Марија Шерифовиќ истакна дека сериозно размислува да го напушти шоуто и од следната година да не учествува во „Ѕвездите на Гранд“.
„Јас оваа година имав толку стресови, па најискрено размислувам да оваа година ми биде последна во жирито бидејќи ми стана напорно и тешко. Оваа година сите почнавме да го доживуваме натпреварот многу стресно. Се караме повеќе од што е потребно. Сепак, тоа се мои колеги со кои ќе сакам да пијам кафе и да јадам кога ќе се сретнеме“ вели Шерифовиќ и додава:
„На Сале му кажав пред еден месец, а тој таа информација ја прими многу тешко. Ќе видиме што ќе биде. Јас за ова шоу направив многу и оваа куќа направи многу за мене. Уморна сам во емисиите да изгледам како непристојна будала“ вели Шерифовиќ.
Дали таа навистина ќе ги напушти „Ѕвездите на Гранд“ останува да видиме во новата сезона