Ништо лично

Чикашкиот камионџија го начека „на волеј“ и Павле Богоевски: Пециво во кокаинот! (ФОТО)

Чикашкиот камионџија го начека „на волеј“ и Павле Богоевски: Пециво во кокаинот! (ФОТО)

Уште една нова афера деновиве ја тресе власта. Овој пат нарко афера. Од неа лицето на „шарениот“ пратеник Павле Богоевски ги менуваше сите бои… Откако го фатија „со бело“. На истите тие „бомби од снимки“, со кои и тој и останатите од СДС, меѓудругото дојдоа на власт.

Не бил хероин, бил кокаин… Пардон, не кокаин, бил канабис… Масло од марихуана за медицински потреби! Можеби… ако уживањето е болест! Но, не ни беше тоа муабетот.

Имено, покрај тоа што оваа „нарко бомба“  ја  објавија сите медиуми, ги запали социјалните мрежи, па не стивнуваат муабетите по фирми, установи, инстуции и канцеларии… таа е добра тема и за твитерџиите и за сеирџиите.

Така, познатитиот „чикашки камионџија“, Македонецот Дарко Јефремов наречен „Дарко-Влогс“ кој едвај чека да се случи некоја „глупост“ за да ги подбере јавните личности, овој пат го начека „на волеј“ шарениот пратеник,  па го „заплеска“ со избор од твитер коментари, фото „мајтап“ монтажи и муабети на тема: „Маслената канабис мисија на кокаинскиот револуционер Павле Ескобар“!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Darko Jefremov (@darkovlogs) on


Најпрвин со мала монтажа на неговиот лик во ликот и делото на најголемиот нарко бос во историјата, според кој е и направена познатата ТВ серија „Наркос“…

Камионџијата од својата возачка кабина Павле го претвори не само телевизиска туку и филмска ѕвезда…  Од лице со две нацртани шарени лузни од времето на неговата шарена револуција…

…Во лице ала „Скарфејс“…  Од најавите на вестите на сите радија и телевизии…

…Или „Павле – Ла линеа“ – лице од насловните страници на весниците и порталите…

Арно ама, бидејќи ниту твитерџиите не му останаа „должни“, нивните твитови не пропушти да ги истретира ниту популарниот камионџија. Одбирајќи го за свој фаворит твитот со „фото – компаративна компонента“ помеѓу Богоевски „револуционерот“ – тогаш и Богоевски пратеникот – сега!

Мислиш прашок за пециво? Среќа што не е квасец!

To top