Промотер

Како дел од неговиот „Балканизам“: Нешо и Валери заедно – „Ќе биде“ (ВИДЕО)

Како дел од неговиот „Балканизам“: Нешо и Валери заедно – „Ќе биде“ (ВИДЕО)

Во пивницата „Паб“ во Велес деновиве се одржа промоцијата на првиот соло-албум на велешкиот рапер Нешо. Покрај изданието насловено „Балканизам“, беше промовирано и видеото за новиот сингл кој се вика „Ќе биде“, снимен во дует со колешката Валери Димовска.

Исто како во насловната тема од албумот , Нешо и овде го отсликал нашето мачно и сиво секојдневие, истовремено потсетувајќи нè и на нашиот вечен оптимизам дека надежта последна умира и дека со мотив, работа и истрајност, кога- тогаш – „ќе биде“!

Стиховите се на самиот Ненад Ставровски (Нешо), нејзин родуцент како и впрочем на целото издание е  Темелко Андреев, а песната е збогатена со гитарата на Оливер Тевчев. 

Визуелизирана со видео со тешки, но и успешни приказни за инспиративните личности кои секојдневно со нови сили ги надминуваат препреките, како што се ракометарот Столе Стоилов или ликовната уметница и поетеса Розе Мојсовска, која слика прекрасни слики со уста.

Покрај насловната тема и „Ќе биде“, на „Балканизам“ се сместени и соработките со матичната екипа „Авторизација“, со диџеј Попај, Кацар, Кискин, Бојан, Влади Ортографија и со Темелко Андреев или Авторот, кој се погрижи за музиката како и за комплетната продукција на изданието.

За ова одлично првенче на Нешо доаѓаат само пофални зборови од сите страни и веќе јасно е дека целата велешка екипа допрва уште повеќе ќе ја освојува нашата музичка сцена, а како изгледа и звучи дуетот со Валери за „Ќе биде“, дознајте во продолжение.

To top