На првата полуфинална вечер, настапуваше и српската преставничка на Евровизија.
Невена Божовиќ се претстави со песната „Круна“ и успеа да се пласира во финалето.
По нејзиниот настап таа доби многу навреди и критики, а сега и пејачката Јелена Карлеуша ја прокоментира српската претставничка.
„Се додека Србија на Евровизија праќа песни без смисла и порака, луѓе кои не успеаја ни да ја допрат публиката во својата земја, настап без никаква идеја – секоја година ќе се случува исто.
Нека победата на Марија Шерифовиќ биде шаблон по кој мора да се работи – храбра песна која праќа моќна порака со интилегентен настап.
Евровизијата е натпревар во идејата, пораката, храброста и оригиналност со сериозно кокетирање со ставовите на LGBT. Ако LGBT не ве препознае, нема ништо да направите на Евровизија. Србија е земја која заслужува повеќе од просечност и која е навикната на победа“ напиша Карлеуша.
За потсетување, утре е втората полуфинална вечер во која ќе настапи и Тамара Тодевска.