Црногорската суперѕвезда Сергеј Ќетковиќ на Божик ќе одржи спектакуларен концерт во Охрид, во рамките на проектот „Од 20 до 20 сите во Охрид“, кој започна на 20 декември и ќе трае до 20 јануари. „Погледи у тами“, „Пола мога свијета“, „Ако те није“, „Само ме загрли“ и сите други големи хитови на неповторливиот шармер во живо за охриѓани и гостите.
Како загревање на атмосферата и гаранција за незаборавна вечер, со своите најголеми хитови ќе се претстави и нашиот Ѓоко Танески и диџеј Реџи Рулс. Концертот ќе се одржи на плоштадот во Охрид, со почеток од 19.00 часот.