Радио Милева циклична мода

Бугарската фолк пејачка Камелија ја обвини Џеј Ло дека ја копира (ФОТО)

Бугарската фолк пејачка Камелија ја обвини Џеј Ло дека ја копира (ФОТО)

Бугарската фолк пејачка Камелија ја обвини Џенифер Лопез дека ја копира. Русокосата ја обвини светската ѕвезда дека воопшто не е оригинална во својот последен моден избор. Како доказ, бугарската музичка ѕвезда сподели колаж на својот сопствен профил на Инстаграм, на кој покажа дека Џеј Ло доцни 7 години – пишува бугарскиот “Telegraph.bg“.

На колажот има  две фотографии – на Џенифер Лопез на гала вечерта во Њујорк од пред неколку денови и на Камелија за време на еден нејзин настап во 2012 година.

Заедничко на двете фотографии е тоа што на главите наместо коса, пејачките имаат перика од мониста.
Сепак, на колажот, Камелија напишала: „Ех, оваа Џеј Ло ништо не гледа“, па дури и ја тагнала изведувачката.

Коментарите на фановите, беа поделени. Некои ова го сфатија како шега, додека други тврдат дека бугарската пејачка си прави Пи-Ар.

To top