Претставничката на Србија на Евровизија 2019 година, Невена Божовиќ, неодамна се венчаше со своето момче кој по професија е пилот.
Веднаш по свадбата за неа следеа напорните подготовки за најголемиот европски музички натпревар во Тел Авив.
Младата брачна двојка воопшто немаше време за меден месец, поради тоа што следи во кариерата на Невена, па веднаш се раздвоија и таа сама отпатува за Израел.
Невена на својот Инсатграм профил објави фотографија со сопругот и така покажа дека тој сега дошол во Израел како нејзина поддршка во овие важни моменти.
Тие го посетиле светиот град Ерусалим и уживале во сончевиот ден.