Синот на Цеца Ражнатовиќ, Вељко Ражнатовиќ ја подготувва својата свадба со Богдана Родиќ.
Меѓутоа, неговата бивша девојка, водителката Ксенија Бујишиќ е во деветиот месец од бременоста и наскоро треба да се породи и да стане мајка.
Ксенија пред некој ден го славеше својот 25 роденден, а по тој повод објави фотографии на кои го покажа трудничкото стомаче само неколку дена пред породувањето.
„Не сум љубител на своите родендени, но овој е посебен поради многу причини. Ви благодарам на сите за честитките, ве сакам“ напиша идната мама.
Парнтерот на Ксенија се вика Милан, а водителката на временската прогноза се уште не се омажи.