Во вчерашното и најново издание на „Ѕвездите на Гранд“, во дуелите меѓу кандидатите беа и четворица Македонци: Огнен Здравковски, Мартинијан Кириловски, Стефан Величковски и Гоце Бошковски.
Жирито вчерашната вечер ја нарече македонска, но не сите од нив имаа среќа да поминат во следниот и потесен круг.
Иако секој од нив беше одличен на сцената и беше тешко да се поверува дека било кој од нив ќе испадне, сепак тоа се случи.
Имено, Огнен Здравковки беше најбезбеден, бидејќи по дуелот беше директно пласиран. Но, Стефан, Маринијан и Гоце мораа во бараж.
Среќата да продолжи понатаму ја имаше само Мартинијан, додека Гоце и Стефан за жал не беа меѓу полуфиналистите.