Радио Милева

Емоциите ја совладаа Тамара на интервју во Тел Авив: Она што го слушна од новинарот беше големо ласкање (видео)

Емоциите ја совладаа Тамара на интервју во Тел Авив: Она што го слушна од новинарот беше големо ласкање (видео)

Неделата која ни претстои ќе биде доста возбудлива, бидејќи за само неколку дена во Израел- Тел Авив ќе се одржи Евровизија – големиот европски музучки спектакл, каде Тамара Тодевска со песната „Proud“ ќе ја претстави Македонија.

Веќе се одржа и втората проба, со која Тамара доби дополнителни симпатии, обожаватели и лавина од коменари дека Македонија годинава заслужува да биде во финале со така прекрасна песна и моќен вокал.

Новинарот кој и праваше интервју на Тамара и поласка со тоа што и кажа дека кога ја слушнал песната тоа бил оргазам за неговите уши, а пак Тамара сосема искрена и непосредна му раскажа дека не само песната, туку и целиот процес на нејзиното создавање, тоа што се блиски сите како тим и од порано, но и дека нејзината ќерка Хана е инспирацијата за која ќе пее, едноставно емоцијата преовладува.

Токму кога ја спомна Хана, Тамара ја надвладаа емоциите, па едвај се задржа да не заплаче и доби прегратка од новинарот кога кажа дека Хана премногу и недостига.

„Плачев цело време додека ја снимав песната. Бев многу емотивна и нормално е публиката да ја чувствува таа емоција, бидеќи јас давам сè од себе, душата, срцето, секоја солза на таа песна. Плачам бидејќи е за ќерка ми, многу ми недостига. Навистина ми недостига. Песната е за неа, таа беше мојата инспирација“ – вели македонската пејачка.

Погледнете:

To top