Изминатата сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ дефинитивно ќе ја паметиме по победата на охриѓанецот Ристе Ристески, кој успеа меѓу многуте финалисти на шоуто да биде прв и да освои награди од продукцијата и секако да се стекне со поголема популарност во регионот.
Оттогаш поминаа неколку месеци, Ристе го зема заслужениот автомобил, а во месец октомври ја најави и својата прва песна насловена „Добро утро тајно“. Сега, со почетокот на годината, тој го објави и своето прво видео во кариерата.
Со огромна чест и задоволство ви ја честитам Новата година и ви го претставувам веќе долгоочекуваниот спот за мојата прва песна. Премногу сум возбуден и едвај ги чекам реакциите од сите вас. Се надевам дека ќе ви се допане! Уживајте!, напиша Ристе за својот музички новитет.
Песната е отпеана на српски јазик, а изработена од композиторот и текстописец Бане Опачиќ, додека видето е во реализација на Даниел Јовески.
Погледнте и уживајте во првата балада на Ристе: