Меган Маркл и нејзината сестра Саманта се уште не ги закопаа воените секири.
Во минатото, Саманта не се штедеше со навреди за принцезата од Сасекс, а сега се огласи по повод раѓањето на кралското бебе.
Веста за раѓањето на бебето на Меган Маркл и принцот Хари и понатаму е главна тема во медиумите, но сега проговори и Саманта Грант полусестрата на војвотката од Сасекс.
Не е тајна дека двете сестри не се во најдобри односи, но сега Саманта откако доби внук сака да ги закопа воените секири со Меган, пренесува 24 сата.хр
„Сакам мојот внук да знае дека има големо семејство и дека е дел од неверојатно време на историјата, дека сме возбудени за него“ вели Саманта и додава:
„Возбудена сум поради Меган и Хари, навистина сум возбудена поради неа. Ја сакам и таа е моја помала сестра, не е важно што се навредувавме во минатото, таа мора да ја направи вистинската работа“ вели и додава дека се надева дека раѓањето на кралското бебе ќе и помогне да исчезне ладниот однос меѓу Меган и нејзиниот татко Томас.
„Сакам Меган да биде дел од животот на Томас и да ги сподели овие преубави моменти“ вели Саманта.