„Урбаната банда“ од аудио и видео продукцијата „Урбан рекордс“ која егзистира од 2009 година и е во непосредна спрега со маркетинг и ПР агенцијата „Иноватива“ на Слаткаристика и Сања Николиќ, однеодамна може да се пофали со уште едно свое аудио-видео парче.
Непосредно пред соработката со Слаткаристика во темата „Марадона“, каде заеднички ги напишаа стиховите, Христијан Тасковски – Таско, има и заедничка песна со Јосиф насловена „Вендета“.
Се разбира по принципот: „јас (кај) тебе – ти (кај) мене“, одново потпомогнат од уште еден член од „урбаниот музички клан“, Марио Јелиќ – Кун ( од дуото „2 Бона“), кој ги потпишува миксот и мастерингот на темата, додека музиката е на Дај Рич.
Секако за се’ да остане во „Урбан рекордс“ куќата се погрижил и Борис Тасковски, кој го направил графичкиот ковер дизајн, а успешно работи веќе три години како фотограф и графички дизајнер за потребите на Урбан Рекордс и воедно како менаџер на Таско.
Како звучи „Вендета“ на новата македонска хип-хоп ведета, Таско, проследете во продолжение.