Оваа година изборот на песна за „Евровизија“ ќе се одржи во Тел Авив, Израел.
Нашата претсавничка Тамара Тодевска ќе не претставува со песната „Proud“.
Тодевска пред некој заедно со својот тим замина во Тел Авив,а нејзината агенда се содржи од пресови, интервјуа, дружба, проби…
Така, пред два дена Тамара ја имаше првата проба и покажа како ќе изгледа на сцената на 16 мај во втората полуфинална вечер.
Тодевска ќе се појави во едноставна минималистичка тоалета во зелена боја со детели во пределот на деколтето и струкот.
На официјалниот канал на „Јутуб“ беше прикажено кратко видео од пробата на нашата претставничка, а под него се нижеа позитивни коментари.
„Леле, овој пат не ја уништија сцената. Гласот на Тамара е неверојатен“.
„Неверојатен глас, песната допира, се надеваме на одличен резултат“.
„Конечно пристојна сцена од Македонија. Мислам дека е време да се вратат во финале“.
„Некој конечно користи огледала на ЛЕД екраните“,
„Вау, вау,вау. Јас можам да кажам повеќе од перфектно. Прекрасно. Се најдобро од Обидинетото кралство“….ова се само дел од коментарите за Тодевска.
Инаку, во едно интервју што Тамара го даде за тамошните медиуми изјави дека на 16 мај ќе пее за нејзината ќерка Хана и се расплака пред камерите бидејќи и недостига нејзиното девојче.
„Ќе пеам за мојата ќерка, извините, но навистина многу ми недостига“ одговори Тодевска, а нејзината ќерка е во Белград каде ја чува тета Тијана.
Останува и понатаму да ги следиме подготвките на нашата евровизичка претставничка и да го чекаме нејзиниот настап на 16 мај во полуфиналната вечер, а секако се надавме и на влез во финалето, а со ваква песна и сценски настап веруваме дека така ќе биде.