Често се пишува за љубовниот живот на Андреана Чекиќ и нејзината врска со оженет маж.
Неодамна, прв пат во медиумите Чекиќ ги прокоментира пишувањата за нејзината врска.
Како што истакна нејзиниот развод е во процес, а исто така се разведува и нејзиното момче.
Андреана овој пат во исповед откри дека меѓу неа и нејзиниот сопруг Иван никогаш немало љубов.
„Првпат кажувам дека меѓу мене и мојот сопруг немаше љубов. Сите кои ќе не видеа, можеа да забележат. Никогаш не ме прегрна како жена, едно утро додека пиевме кафе му реков дека треба да си признаеме дека не се сакаме како маж и жена“ вели Андреана.
На прашањето дали ја изнверувал, таа одговори:
„Сега јавно ви кажувам дека ме изнверуваше, тој и понатаму е во контакт со тие личности“ вели пејачката.
Пејачката моментално ужива во љубовна врска со Марко Милошевиќ.