Иако им се врати на работните обврски, настапите и жирирањето во “Ѕвездите на Гранд“, Јелена Карлеуша уште не може да се опорави од смртта на мајка Дивна.
Имено, како што открива српскиот ВИП магазин, пејачката од смртта на мајка и постојано е на лекови за да може да функционира, но по земањето на истите, таа почнала да чувствува проблеми и одлучила да посети психијатар.
Пејачката мислела дека лековите ќе и помогнат и не сметала дека ќе и биде од нив лошо, ниту пак дека ќе има некакви несакани дејства и последици. На почетокот, таа дури и не сакала да признае дека лековите и создаваат мачнина и од нив има вртоглавица, но кога ја нападнала нејзината блиска соработничка дека ги открива нејзините тајни и ја издава, сите сфатиле дека наглата промена на расположението и честите параноји се од лекарствата што ги пие.
„Бидејќи Јелена е многу ранлива и чувствителна таа често има бурни реакции, па нејзините блиски пријатели се согласиле да и кажат дека треба да побараат стручна помош“ – вели изворот и додава:
„Карлеуша остана глува на нивните барања, но по расправијата со соработничката и низата обвиненија, кои на крај се покажаа како крајно невистинити, таа и самата сфати дека претерала и дека мора да се лекува“.