Повеќекратната добитничка на Греми, на Инстаграм објавила колаж од две нејзини фоографии. Едната е забележана на Греми доделувањето на кое пејачката плачеше поради победата во категоријата “Најдобар албум за годината”, а другата е кадар од емисијата на Џејмс Корден во која Адел рапуваше песна од Ники Минаж.
“Кога ќе те “фатат” емоциите, а потоа ќе се сетиш кој си”, напиша Адел.
View this post on Instagram
Пејачката духовито се осврнала на целата ситуација, односно, кога понекогаш ќе заплаче поради емотивниот статус, таа ќе се присети колку луѓе ја сакаат и колку е популарна.
Оваа објава е првата откако беше објавено дека се разведува од долгогодишниот партнер.
Колку е Адел приземна и духовита, најдобро покажува емисијата на Џејмс Корден, во која таа пред три години рапуваше и го воодушеви светот: