Со години се ширеа приказните и се шпекулираше дека Марија Шерифовиќ е лезбијка, а потоа, како бомба одекна веста дека била во љубов со хрватската мисица!
Не само на српската естрада, туку и во регионот со години се раширија гласините дека поп пејачката, евровизиска победничка и член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, Марија Шерифовиќ има сексуална склоност кон сопствениот пол, но таа никогаш не сакаше до крај да го признае тоа.
Сепак, пред неколку години одекна веста дека Марија е во врска со хрватската мисица, Рената Лончаревиќ, кој се појавува во два видеоспота на Марија, за песните „Еден гледа сè“ и „Што да заборавам“.
Во тој период, Марија не сакаше да ја негира или потврди оваа вест, но затоа пак за прв пат јавно призна дека и се допаѓаат жените во автобиографскиот филм „Исповед“.