Пејачката Весна Змијанац во својата книга „Кога ќе замирисаат јоргованите“ го опишува најтешкиот период од нејзиниот живот. Иако се има реализирано во улогата на мајка, а неодамна и баба, има работи кои никогаш нема да ги преболи.
„Нашето прво дете, нашиот син, мојот бивш сопруг Влада Јовановиќ и јас го изгубивме во 1986 година, кога бев во седмиот месец од бременоста. Спонтаниот абортус се случи на пауза од концертот во Младеновац. Породувањето започна одеднаш и предвреме, а всушност се случуваше во гардеробата зад сцената и тоа траеше и за време на патот кон Белград, а и неколку минути во болница, и тоа не можам да го опишам и денес. Бидејќи ова е една од оние болки, кои се уште боли, празнина која се’ уште зјае и секогаш кога мислам на неа, а се сеќавам многу често, чувствувам грч во мојата утроба“ – ќе изјави пејачката, за српски Телеграф.
Весна беше на врвот на својата кариера во тоа време, но немилите настани не ѝ дозволија да ужива во нејзиниот успех. Ја доживеала истата судбина со втората бременост, која речиси завршила на ист начин, една година подоцна.
„Во првите неколку недели болката од загубата беше уште свежа, сакав да ме снема, да си заминам. Се обвинував себе си, без да барам никакви олеснителни околности. И при тоа себе си си смислував такви страдања и маки како казна, што излегуваа дури и надвор од границите што ја делат свесната перцепција на фактите од имагирната, исполнета со болни и грешни заклучоци. Не помислував дека, за жал, ме чека истото, па дури и уште полошо. Моето второ несудено дете, исто така син, го загубив исто така во седмиот месец од бременоста под исти околности во 1987 година“ – продолжува со својата тажна исповед Весна.
Пејачката по сето што и се случило одлучила да го смени од корен својот живот и животните приоритети, по што на свет ќе ја донесе својата ќерка Николија, денес исто така позната српска пејачка која продолжи по стапките на мајка си.
„Мислам дека преплатив. Мислам на себеси и на моите неродени синови… И дека е доволно од нашата крв, данокот е даден. Јас навистина ја платив полната цена. Оттогаш решив дека никогаш нема да дозволам ништо да ми биде поважно од мојот сопствен мир, здравјето и семејство“ – заклучува Змијанац.