Антониа Гиговска и оваа година имаме прилика да ја гледаме во регионалното музичко шоу „Пинкови ѕвездички – all stars“.
Во досегашните нејзини претставувања таа одлично се претставува, па важи за еден од фаворитите. Жирито и упатува пофални зборови и истакна дека таа веќе е формирана пејачка.
Гиговска неодамна ја издаде својата прва песната на српски „Могле сме у двоје“, а многумина истата ја споредија со песната „Ране“ на ќерката на Цеца, Анастасија Ражнатовиќ.
Деновиве на социјалните мрежи ја прашаа Гиговска дали ја навредува тоа што ја споредиле со Анастасија, таа одговори:
„Нема причина да ме навредува, никогаш не значи дека ако стилот на музиката е ист, дека песната е иста. Песната нема никаква сличност со „Ране“, одговори пејачката.
За потсетување, Антониа ќе биде придружен вокал на Тамара Тодевска на „Евровизија“ во Тел Авив.