Пејачката Данијела Кариќ и нејзиниот долгогодишен партнер Иван Милеусниќ, се заколнаа на вечна љубов, па го изговрија судбоносното „ДА“!
На свадбата на Данијела пееле бројни пејачи и пејачки. Една од најпознатите била и Тања Савиќ, која дошла со својот сопруг Душан Јованчевиќ. Меѓутоа, на крајот од прославата, се случил скандал заради машка љубомора или фатална привлечност.
Тања Савиќ била добро расположена и распеана, па во меѓувреме го привлекла вниманието на еден познат и угледен господин, кој не го симнувал погледот неа. Бидејќи пејачката седела недалеку од него, таа не можела да не му се насмевне и заблагодари на бројните комплименти кои и ги упатил, како и на големиот бакшиш кој и го оставил додека пеела. Но, фаталната привлечност веднаш создала љубомора која почнала да му пречи на нејзиниот сопруг – изјавил сведок од свадбата за српскиот „Телеграф“.
Мажот на Тања повеќе не можеше да поднесе непознат човек да ја мерка и да и се додворува на жената пред неговите очи, па набрзина ја извел надвор малку да поразговараат.
Кога излегле пред ллокалот, било очигледно дека Јованчевиќ е лут и гкласно и вика на пејачката. Тања била шокирана од неговото однесување и е цело време се обидувала да го смири дека тој само си замислува како непознатиот човек и се нафрла.
„Смири се, не ми треба сцена и скандал! Ајде да се вратиме внатре“ – го молела таа. Сепак, кавгата непрекинато траела цели 15 минути, по што двојката нерасположени се вратила во салата, а кога тргнале кон дома, јасно се видело дека се лути еден на друг – објаснил очевидецот.