Радио Милева Лампиони

На снимање закопчана до грло, а на настап… Наташа Малинкова го има „петтиот елемент“ на себе – погодете кој е? (ФОТО)

На снимање закопчана до грло, а на настап… Наташа Малинкова го има „петтиот елемент“ на себе – погодете кој е? (ФОТО)

Новогодишните празници се згодна прилика естрадните ѕвезди да заработат малку повеќе од вообичаениот хонорар. И во висина на сумата  изаради згуснатиот распоред на бројот на настапи нивното банкарско конто во тие денови расте. Се разбира тука се и бројните телевизиски снимања на новогодишните емисии и програми, па естрадните ѕвезди и за едната и за другата прилика мораат да бидат стокмени од глава до петици. Што би се рекло, се’ треба да „крцка“ на нив, зашто покрај вокалните квалитети, каков е впечатокот што ќе го остават со својот изглед, таква ќе им биде и „(н)овогодишната жетва“. Не попусто велат: „Денес музиката се гледа“!

Зато кога е изгледот во прашање македонската поп пејачка Наташа Малинкова се труди секогаш тој кај неа да биде беспрекорен! Тип-топ стегната, дотерана, облечена, нашминкана, натурализираната кавадарчанка со уште неколку домашни поп ѕвезди предничи  во имиџот и изгледот. Особено кога се во прашање посебни прилики како новогодишните снимања и настапи.

Сепак за едната и другата прилика, згодната пејачка избра сосема различни модни комбинации. Наташа на новогодишното снимање на МТВ1 се појави во црна, елегантна, свечена тоалета, иако можеби по малку изненадувачки за неа, беше закопчана до грло!

Затоа пак, за новогодишниот настап имиџот на Малинкова беше „друга песна“. Таму таа покажа се’ што има, со се’ што располага, па сите свои телесни адути и атрибути ги собра и преточи во пет елементи. Особено впечатлив беше оној – „петтиот елемент“!  Како рецепт за успех!

Впечатливата гардероба како прв, внимателни избраниот накит како втор, дискретната и суптилна, а сепак беспрекорна шминка како трет, совршено бојадисаната и испеглана коса т.е. новогодишната фризура како четврти и… погодувате ли кој е „петтиот елемент“?  Тој што прв паѓа в очи и всушност е составен од два „елементи“: Големите лампиони! Па, нели рековме дека денес музиката… се гледа со очи?!

To top