Оваа година во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ по втор пат се натпреварува Елена Миленковска од Скопје.
Според новите правила, секој од кандидатите има свој ментор, а Миленковска ја одбра Ана Бекута.
Во третиот круг Елена настапуваше во дуел со Садо и Валдина и тогаш доби многу пофалби и помина директно во четвртиот круг.
Меѓутоа, Миленковска не успеала да помине во петиот круг и за жал ги напуштила „Ѕвездите на Гранд“.
Во интервју за „Бекстејџ“ таа откри какво е чувството да се биде дел од музичкото шоу и за искуството да соработува со Ана Бекута.
„Таа е многу голем борец, многу се бореше за нас. Макотрпно работевме во студио, одвојуваше многу време за нас и навистина ни посветуваше големо внимание. Навистина, многу сум и благодарна. Пред се, многу ми е драго што ја запознав таа жена. Никогаш во животот не сум помислила дека ќе работам со неа и дека ќе добијам толку пофални зборови од неа. Се уште сме во контакт и оваа година преубаво ми беше искуството во „Ѕвездите на Гранд“, вели Миленковска.
Таа исто така истакна дека коментарите на Јелена Карлеуша не и влијаеле негативно.
„Нормално е дека допираат, но пизитивно. Јелена е таа што дава непозитивни коментари. Се што ми кажа го сфатив крајно сериозно и се трудев да го променам“.
Инаку, Миленковска е во врска со момче од Грција, па истакна дека иако врската е на далечина сепак одлично функционираат.
„Потешко е, но супер е. Јас сум таков човек кој функционира доколку со некој не е многу често. Супер функционираме“ истакна пејачката.
Како Миленковска ќе се претстави во четвртиот круг останува да видиме.