Пејачката Лепа Брена како дете 1ви мај го одбележувала во кругот на семејството.
„Ние децата се игравме со лимон и портокал, игравме „жмурка“, а мажите сакаа да играат фудбал“ вели Брена.
Тоа не се променило ниту денес, кога и свое семејство кое неодамна доби нов член, односно Александра и Филип станаа родители на синот Александар.
„За денот на трудот, не се работи ништо. Тоа е златно правило“ почна да објаснува пејачката како се одбележува празникот во нејзиниот дом.
„Во нашиот дом обично нешто подготвуваме на скара. Вообичаено тоа е некое јагне, прасе…тоа е акција која ја завршува машкиот дел од семејството. Мислам дека поради тоа ми е многу слатко“ призна пејачката.
На прашањето дали синот на Прија и Филип ќе е дел од прославата,таа одговори.
„Поради него се прави се ова“ истакна Брена.