Македонскиот модел Катарина Ивановска и нејзиниот сопруг Џобе ќе станат родители по втор пат, пренесува естрадниот магазин „Ексклузив“.
Наводно, манекенката која секоја година трча на скопскиот мартон, кој оваа година е закажан за 4 мај, се откажала. Луѓето од организицијата потврдиле дека Ивановска се откажала од маратонот бидејќи е бремена.
„Од познатите личности кои ќе трчаат на скопскиот маратон, само Катарина го откажа своето учество бидејќи е бремена, барем така ни кажаа на нас. Таа секоја година трча, а оваа година се откажа поради оправдани причини“ тврди извор за „Ексклузив“.
Од друга страна нејзините блиски пријатели останаа воздражни за оваа тема.
Инаку, Кики не се огласи по овие шпекулации и дали навистина е бремена.
За потсетување, Кики и Цобе веќе го имаат синот Вања, а дали навистина е бремена останува да почекаме и да видиме дали ќе порасне трудничкото стомаче.