Радио Милева

Даниел Кајмакоски проговори за разводот: „Ова ми е прво и последно обраќање!“

Даниел Кајмакоски проговори за разводот: „Ова ми е прво и последно обраќање!“

Пред неколку дена во македонските медиуми одекна веста дека пејачот Даниел Кајмакоски и неговата сопруга Кристина се разведуваат.

Она што се случува во приватниот живот на пејачот, како и тоа дека повеќе не живеат во заедница, го откри нивен пријател.

Во тој момент Кајмакоски не беше достапен за изјава, а по шпекулациите не се огласи ниту Кристина. Но, очигледно на Даниел му прекиснаа ваквите пишувања, па реши да проговори и да стави точка на се’.

фото:инсатграм/бекстејџ

Имено, естрадниот ТВ магзин „Бекстејџ“ на Инстграм профилот го најави интервјуто на Кајмакоски, како и тоа дека тој го потврдил разводот пред нивната камера.

Даниел Кајмакоски само за Бекстејџ ја потврдува веста за неговиот развод, но и ги открива причините за истото. Напомена и дека ова му е прво и последно обраќање во јавноста за оваа тема. Сето ова може да го видите во утрешното издание, пишува во најавата, а емисијата ќе се емитува денес (1-ви мај).

To top