Радио Милева

Драма во „Ѕвездите на Гранд“: Стефан Величковски доби само два гласа поради кои мораше да го напушти шоуто – жирито во војна!

Драма во „Ѕвездите на Гранд“: Стефан Величковски доби само два гласа поради кои мораше да го напушти шоуто – жирито во војна!

Бидејќи се ближи крајот на оваа сезона од регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, кругот од најдобрите се стеснува. Овој пат во дуел од трет за четврти кууг се напреваруваа кандидатите на  Јелена Карлеуша и Вики Миљковиќ, односно нашите Филип Пецовски и Стефан Величковски.

фото:инстаграм/принтскрин

Иако ова на некој начин значеше дека еден од нив може да ги напушти „Ѕвездите на Гранд“, бидејќи само еден кандидат продолжува директно, тоа нема да се случи, иако според приложената снимка на телевизија, Величковски не доби пласман за понатаму.

Стефан пред неколку дена на својот „Фејсбук“ се пофали со новите успеси во музичкото шоу, односно дека поминал  во четвртиот круг, што веројатно се случувало зад камерите, а Вики Миљковиќ му дала златен глас за да го врати.

Тој на сцената на „Гранд“ се претстави со пенсите „Једина“ од Владо Георгиев и „Продужи даље“ од Здравко Чолиќ.

Имено, иако имаше одлична изведба, Стефан доби само два гласа од Ѓорѓе Давид и Марија Шериофовиќ, токму тоа ја распламти Вики Миљковиќ како негова менторка, која почна да им вика на колегите „како не им е срам“ за тоа што му го направиле.

ФОТО:ПРИНТСКРИН/КУРИР.РС

Таа почна да плаче, па го напупти студиото.

Саша Поповиќ исто така кажа дека Стефан не е кандидат за излегување, но мораше да и спомене на Вики дека ќе треба да го врати со златен галс.

ФОТО:ПРИНТСКРИН/КУРИР.РС

Токму поради тоа веројатно, откао се исклучиле камерите, се случувала дополнителна драма, но сепак Стефан повотрно ќе го гледаме во четвртиот круг иако на крајот од шоуто кое се прикажуваше на телевизија, тој не беше меѓу оние кои одат понатаму.

Инаку, скандалите како да се лепат за македонските кандидати, бидејќи минатата недела, наводно поради недолично однесување, беше дисквалификуван Адам Лабунски.

To top