Радио Милева

На семејната бајка на Даниел Кајмакоски наводно и дојде крајот: Пејачот сакаше уште едно бебе, ама дошол до развод!?

На семејната бајка на Даниел Кајмакоски наводно и дојде крајот: Пејачот сакаше уште едно бебе, ама дошол до развод!?

Поп пејачот Даниел Кајмакоски и неговата сопруга Кристина, деновиве ги полнат рубриките од содржините на домашните медиуми, наводно поради тоа дека по три години брак се разведуваат.

Екипата на емисијата „Ексклузив“ на 1ТВ објави дека Даниел и Кристина наводно повеќе не живеат заедно, а информациите ги добиле од нивни пријатели.

Даниел, а ниту Кристина засега не се огласиле по ваквите пишувања да потврдат или дементираат.

Инаку, поминаа речиси три години откако Кајмакоски и Кристина запловија во брачните води, а набрзо потоа го добија нивното синче Давид.

фото:инсатграм

Пејачот уште пред да се оствари во улогата на родител изјавуваше дека многу сака да стане татко, а набрзо желбата му се исполни.

Потоа, Даниел  се повлече од музичката сцена, сакајќи што повеќе да биде со своите најсакани и да го види секој миг од растењето на синчето.

На својот профил на Инстаграм Кајмакоски не многу одамна објави една фотографија со својот наследник, но во описот напиша дека дошло време да го прошири семејството, одонсно да имаат уште едно бебе, па јавно и се обрати на сопругата со зборовите:

-Растат толку многу брзо, душо ни треба уште едно, напиша Даниел.

Тогаш немаше одговор од понежната половина, а нема ниту сега. Што ќе изјави пејачот на шпекулациите и кога тоа ќе се случи, останува да видиме…

 

To top