Првата дама на САД беше тема на дискусија за новогодишниот фустан кој избра да го облече.
Меланија Трамп, за која велат дека е најубавата прва дама, според многумина не воодушеви со изборот на фустан за Нова година.
Иако убавата Словенка потроши дури 4 илјади долари, јавноста не го бендиса фустанот. Меланија за приватната прослава во луксузниот ресорт mar –a-Lago носеше розова тоалета со цветни апликации и волуменозни ракави, но не го постигна посакуваниот ефект.
Меѓутоа, веќе на 1-ви јануари го поправи впечатокот.
Фотографите ја „уловија“ пр враќањето во Белата куќа каде е нешто поедноставно облечена,изглед кој овој пат според коментарите беше многу подобар.
Што мислите вие?