Вања Милошевиќ, момчето на Снежана Ѓуришиќ, наводно преку „Фејсбук“ се допишувал со дваесет и осум годишна девојка.
Имено, се започнало од пораките кои Вања ги праќал на девојката.
„Случајно на „Фејсбук“ ми се појави твоја фотографија, дали може да те слушнам…На кратко…Мојот број е 06188******* пушти порака, па ќе ти се јавам“ пренсува „телеграф.рс“.
Девојката му одговорила:
„Добро вечер, докторе. Гледам дека си доктор. Може, секако. Имаш убаво име, симпатично, но и косата ти е супер. Изгледаш младо“.
Таа наводно му пратила неколку фотографии, а потоа следела порака од Вања дека е разведен, а на констатацијата дека е во врска со Снежана тој одговорил:
„Остави го порталите, сешто пишуваат, само да се продаваат“.
По овие гласини, Снежана се појавила на еден јавен настан заедно со момчето.
Имено, тие се воделе под рака цело време, а пејачката цело време била насмеана.
Снежана и Вања нивната врска ја признаа во март претходната година, а пред тоа заедно биле една година.