Ќерката н Сузана Турнџиева, Лора Турунџиева во август претходната година се омажи и заплива во брачните води со Филип Наунов.
Младиот пар направи интимна прослава во кругот на најблиските роднини и пријатели.
Лора и нејзиниот сопруг оваа година се реализираа во една од најважните улоги, односно станаа родители на син.
Имено, на почетокот на март таа се породи во една скопска болница со царски рез.
Во текот на целата својата бременост, Лора го криеше трудничкото стомаче и не се објавуваше фотографии на социјалните мрежи.
Таа ужива во својата нова улога, а сопругот и мама Сузе секогаш се тука да помогнат во се што треба.
Деновиве, Филип и Лора го искористија топлото и убаво време, па го изнесоа својот син на прва прошетка.
Имено, Турунџиева на социјалните мрежи сподели фотографија од првото излегување и прошетка на синчето.
Веруваме дека максимално го искористиле сончевото време.