„Празници се ближат… а јас пак не сум дома“ – напиша неодамна Ноне Неделковска во еден од постовите на својот Фејсбук профил, сакајќи да потенцира дека и оваа Нова 2018 година ќе ја дочека некаде по светот, далеку од дома и својот роден Велес.
Така и се случи, па највеселата ноќ некогашната пејачка ја дочека од другарта страна на океанот… на Бахамите! На своето работно место на еден од големите прекуокеански крузери.
Стокмена, елегантно дотерана, ведра и насмеана… таа се сликаше крај прекрасната бродска елка со коктел в рака, наздравувајќи им на оние од кои е далеку, а најмногу ги сака: „Среќни новогодишни празници! Пак сум далеку од дома, далеку од тие што најмногу ги сакам и ми недостигаат многу! 2018 биди добра година“ – напиша Ноне во постот под фотографијата, на која сите гледаа само во едно – нејзиното длабоко деколте, зад кое се кријат бујните убавини на динамитната велешанка.
Колку и да е богато украсена и раскошна, бродската елка сепак ги има најубавите „лампиони“ само кога Ноне ќе застане до неа!