Радио Милева пеењето на пауза

„Ѕвездата на Гранд” се онесвестила непосредно пред снимањето на новиот спот: Катарина Грујиќ итно мора на операција! (ФОТО)

„Ѕвездата на Гранд” се онесвестила непосредно пред снимањето на новиот спот: Катарина Грујиќ итно мора на операција! (ФОТО)

Катерина Грујиќ неодамна се соочила со здравствени проблеми откако ја сменила исхраната со желба да ослабе, па се онесвестила непосредно пред да го снима своето ново видео, откако само седум дена јадела само пилешко, а пиела само вода и чај, пишува српски “Ало”.

„Една недела пиев само вода и зелен чај и јадев само варено пилешко, без сол и без вкус. Имам 64 килограми. Важно е жените да знаат колку сум тешка, затоа што често мислат дека имам 50 килограми. Не ја кријам мојата тежина, бидејќи јас не мислам дека анорексијата треба да се пропагира. Сепак, треба да се води сметка. Сите ние се стремиме кон совршенство, иако тоа не постои, па трчајќи по идеалната тежина и изглед ни се случуваат и вакви работи“ – рекла пејачката.

Ѕвездата на “Гранд” сега западнала во нови неволји. Сосема случајно забележала дека има здравствен проблем, кој таа ќе мора хируршки да ја реши. Лекарот на Катерина Грујиќ и рекол дека итно мора да ги отстрани крајниците, кои долго време и создаваат здравствени тегоби. Поради оваа неодложна интервенција, Катарина ќе мора да направи пауза во работа.


„Работев пет дена по ред и се почувствував како да сум настината. Всушност, немав поим дека проблемот навистина е толку сериозен“ – разочарано изјавила катерина пред да замина на операција!

To top