Промотер

Слаткар(истика) и Таско (би сакале да) живеат како – „Марадона“ (ВИДЕО)

Слаткар(истика) и Таско (би сакале да) живеат како – „Марадона“ (ВИДЕО)

„Марадона“ е насловот на новата песна на Слаткаристика, реализирана заедно со неговиот помлад колега Таско. Автор на музиката е  Марко Маринковиќ , а стиховите заеднички ги потпишуваат со Христијан Тасковски – Таско, додека аранжманот, миксот и мастерингот се на веќе редовниот соработник Иван Јованов – Ивајо. 

Кадрите за едноставното нискобуџетно видео, кое се стекнува впечаток дека е снимено колку да ја покрие песната се реализирани низ градските улици во центарот на македонската метропола како и на градскиот стадион во Скопје, кој од скоро го носи името „Тоше Проески“, а  го реализирала екипа на „Год ај продакшн“ (God Eye Production). 

„Марадона“ доаѓа месец дена по сè уште актуелната тема на Слаткаристика насловена „Дијаманти“, снимена во соработка со дуото „2Бона“. Како изгледа и звучи „Марадона“ тоа дознајте во продолжение.https://www.youtube.com/watch?v=K-oYCVXxkXY

 

To top