Како што пренесува „Скандал“, Саша Поповиќ и Марија Шерифовиќ се скарале на едно снимање на „Ѕвездите на Гранд“.
Имено, наводно Марија се повеќе била строга во жирито и почнала да вика да кандидатите.
Извор близок на Саша Поповиќ потврдил дека кавгата настанала поради однесувањето на Марија во музичкото шоу.
„Саша никогаш не се мешаше во работата на жирито, но овој пат одлучи да реагира. Тој се налути на Марија бидејќи имаше впечаток дека толку е строга кон кандидатит што тие се плашат. И одржа предавање така што сите останаа во шок“ тврди изворот и откри како изгледала кавгата.
„Во еден момент на снимањето ја прекина и рече:„Добро бе Марија, што е со тебе?Што им викаш на кандидатите, ако така продолжиш ќе те отстранам од жирито“ вели изворот.
Како што вели изворот, Поповиќ и се налутил на Марија бидејќи е премногу деталист.
„Бараш влакно во јајцето. Сите ќе побегнат од снимањето. Не бараме овде оперски пејачки. Сакаш да ни пропадне работата поради тебе? Нема да ти дозволам“ наводно изјавил Поповиќ.
Додека Саша и викал, таа само се насмеала.
„Ма важи, додека јас сум овде сите ќе пеат еднакво квалитетно“ изјавила Марија.
Дали ова навистина е точно не знаеме, но во музичкото шоу често може да видиме недоразбирања и кавги меѓу членовите на жирито.