Додека се исчекува раѓањето на првото дете на принцот Хари и Меган Маркл, британската јавност настојува да го открие полот и името на нероденото бебе. Ако им се верува на кладилниците, новото кралско бебе ќе биде девојче и ќе се вика Дајана. Агенцијата „Вилијам Хил“ соопшти дека повеќе не прима опклади за полот на детето откако се пишуваше дека класката двојка ќе добие девојче.
-Што се однесува до нас, тајната е откриена. Можеби некој видел снимка од ултразвук или слушнал нешто, вели портпаролот на фирмата Руперт Адамс.
Кога станува збор за имиња на бебето, листата е долга. На прво место се наоѓа ДАјана за што во оваа кладилница има квота четири према еден. Следат Викторија, елис, Грејс, Елизабер, додека Алберт, Артур и Џејмс се популарните предлози ако е машко.
Дури 80 проценти се однесуваат на името Дајана, вели Адамс, но додава дека лично се сомнева дека принцот хари избрал име кое непосредно го потсетува на трагично загинатата мајка, пишува АП.