Убавата актерка Синем Мустафа или попозната како Јасемин од „Вљубениот ерген“ покажа како го декорираше дворот од својата семејна куќа за време на празничниот период.
Како што веќе знаете Синем минатата година се омажи по третпат, но по се изгледа дека овој пат во љубовта и цветаат ружи.
Таа е доста активна на социјалните мрежи и постојано на своите следбеници им покажува колку хармоничен љубовен живот има.
Огромната куќа каде живее со сопругот моментално блеска како во бајките, а иако актерката делумно објави како изгледа нивното преддворје, може да се заклучи дека навистина се потрудиле за се да изгледа совршено.