На снимањето на едно од изданијата на „Ѕвездите на Гранд“, Саша Поповиќ разговараше со семејствата на кандидатите, па призна дека на својата ќерка никогаш не би и дозволил да се натпреварува во неговото талент шоу.
-Кажете ми, како вие би го оцениле вашето дете?, го прашува Саша една госпоѓа.
-Па, секако со највисока оценка. Но знаете што, јас мојата ќерка никогаш не би ја пуштил овде да се натпреварува. Супер се грижиме ние за нашите пејачи, но да минува низ ова, па дури потоа што следи. Не би и дозволил. Вам секоја чест, како и на кандидатите, вели директорот на Гранд.
Потсетуваме, Поповиќ пред неколку години кажа дека не би сакал неговата ќерка Александра да тргне по неговите или стапките на мајка си, и дека ќе се труди да и објасни дека тоа не е за неа.