Кога Северина (46) во четвртокот на Инстаграм објави фотографија легната на болничкиот кревет, обожавателите сериозно се загрижија за здравјето на пејачката, а потоа пејачката се предомисли и ја избриша фотографијата од социјалните мрежи.
Нејзиниот ПР соработник Давор Грин набрзо се обрати кон јавноста со официјална изјава:
– Северинa во средатаимаше рутинска операција на хернија, која одамна и предизвикува проблеми во секојдневниот живот, но, исто така и во текот на настапи, па дури минатото лето некои од нив беше принудена и да ги откаже, со оглед дека болките беа неподносливи, вели лицето за односи со јавноста.
Операцијата помина добро и ќе Северина ќе бидат пуштена на домашна нега со препорака на лекар да одмора две недели.
Операцијата ја направи сега за може што е можно побрзо да им се врати на концертните активности за промоција на својот најнов албум “Halo”, открива Давор Грин.