Наследничката на Цеца Ражнатовиќ, Анастасија, за српски „Курир“ проговори за предизвикот на славата која ја стекна не само како ќерка на Цеца, туку и како пејачка на две песни кои станаа хитови во регионот.
-Излегувам во пресрет на сите кои ми приоѓаат на улица, тоа е убаво и професионално. Не сум го вежбала автограмот, но го давам од срце. Драго ми е што луѓето се среќни кога ќе ме запознаат и ќе се фотографираат со мене. На социјалните мрежи, секоја девојка што изгледа убаво и пристигнуваат непристојни понуди. Нормална девојка тоа не го ни гледа. Има и симпатични работи, кога некој е духовит, еве добив доста понуди да бидам партнерка на матура. Но, има и такви кои праќаат фотографии од половиот орган. Одвратно! Не знам како некој може да помисли, вели Анастасија.
Од мама Цеца добива совети кои не се толку врзани за кариерата, на кои на шега се пожали.
-Постојано ме советува- немој да се грбавиш,исправи се, немој да доцниш, биди секогаш точна. Опушти се, смеј се, ете тоа постојано ми го вели бидејќи сум во грч пред камерите и знам дека тоа сите ќе го гледаат, тогаш малку се кочам, вели Анастасија Ражнатовиќ.